Нов портал Zarabotuvaj.mk

Од:

Да се зближат работодавачите и лицата кои бараат работа е главната идеја – водилка за основањето и функционирањето на новиот македонски веб портал Заработувај.мк.

Станува збор за нов концепт на барање работа, велат основачите Ангел Митев и Симона Тодороска.

– Ова е нов концепт за барање работа, каде што не е важно местото на кое се наоѓа барателот на работа или работното време, туку едноставно се поставува рок од работодавачот до кога и под кои услови мора да се заврши одреден проект. Се дефинира и сумата за извршување на услугата, а работобарателот сам одлучува за времето кога ќе работи на проектот – објаснува Митев.

Според него, овој концепт одлично и успешно функционира во САД каде луѓето се откажуваат од своите работни места за да работат од дома. Системот почнува со функционирање и во европските држави, иако се уште не постои во нашето најблиско опкружување.

– Концептот е предност за сите кои сакаат да работат во време кое им одговара, сакаат да заработуваат дополнително или за сите кои бараат работа. Исто така е можност за работодавачите (компании или физички лица) да избираат работници според цена и по квалитет (врз основа на сработените проекти). Порталот претставува место каде што може да се најде секаква работа – вели неговата партнерка Тодороска.

Системот е изработен од македонската софтверска компанија „УрбанТајм Дивелопмент“, а во соработка со „УНИБанка“ и „Касис Македонија“ е имплементиран системот за електронска наплата.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски