Скршени гранки и дрвја, расфрлени канти за отпад, истргнати семафори е сликата што може да се забележи на улиците во Загреб. Полицијата ги предупредува граѓаните да не излегуваат ако немаат потреба, јавува Хина.
До 7 часот утрово пожарникарната служба на Загреб интервенирала на 140 локации, а чекаат уште 50-тина.
„Поради силниот ветер кој во текот на денешниот ден ќе дува во околината на Загреб се препорачува граѓаните без потреба да не излегуваат на отворено. Ова особено се однесува на постарите лица и на децата. Препорачуваме граѓаните да користат јавен превоз“, се наведува во предупредувањето.
Ветрот дувал со јачина од околу 70 километри на час, цела ноќ, а поради скршените дрвја во прекин е сообраќајот на повеќе улици.
Невремето зафати и други делови на Хрватска.
Обилните дождови денеска го погодија северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а во Приедор и Босански Нови се излија локалните реки.
Во Приједор се поплавени околу 200 станбени објекти, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска, која се влева во Сана.
Реката Јошавка, поради огромната количина на дожд која вчера падна во попладневните часови и која се уште паѓа, се изли на главниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава.
Поплавена беше и населбата Урија, а реката Враголовача се изли од коритото во местото Јутрогошта и го пресече локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите, кои се во близина на оваа река.
Дождот почна да паѓа вчера попладне, по што следеше бура пропратена со грмотевици. Германскиот „Блицкорунг” детектира околу 4.000 молња во Поткозарје.
Се очекува утре да престанат интензивните врнежи во БиХ.
Невереме се очекува и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија го повтори предупредување дека од денеска до петок се очекува голема количина на врнежи.
Сите надлежни служби воведоа 24-часовни дежурства на водостоите на реките, а РХМЗ го вклучи портокаловиот и жолтиот метеоаларм.