Втора проба на Тамара пред настапот на „Евросонг“ в четврток

Од:

Тамара Тодевска денеска имаше втора проба на големата сцена EXPO во Тел Авив каде што ќе се одржи 64. Евросонг, а таа со песната „Proud“ ќе настапи претпоследна на втората полуфинална вечер, на 16 мај.

– Сите сме горди со сработеното и ја очекуваме вашата поддршка на 16-ти, а се надевам и на 18-ти, изјави Тамара која денеска имаше и прес-конференција.

Нејзиниот тим соопшти дека изведбата на баладата била суптилна и впечатлива, а Тамара добила аплаузи во салата и во прес-центарот.

– Акредитираните новинари со внимание го проследија настапот на македонската претставничка. Не помал беше и интересот на прес-конференцијата на која голем број од новинарите се интересираа за деталите поврзани со нашата претставничка и песната со која ќе настапи, соопшти нејзиниот тим на годинашниот „Евросонг“.

Македонската радио-телевизија директно ќе ги пренесува трите вечери од натпреварот – полуфиналните во вторник и в четврток (14 и 16 мај) и финалната идната сабота (18 мај).

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија