[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Руските противвоздушни сили ќе преземат неколку мерки, со цел да ја заштитат руската територија од пад на метеори и други опасни објекти од влесената, најави командантот за авијација на западната војска, во воената област, генерал Игор Макушев.
-На воздушната одбранбена сила им е наредено да се занимаваат со ова прашање и да смислат план за да ја заштитат Русија – стои во соопштението на Макушев.
Соопштението следи откако, пред неколку дена падна метеор, кој не го регистрираа постоечките апарати, влезе во Земјината атмосфера и експлодира над Урал.
Во текот на детонацијата беа разбиени прозорци и оштетени неколку илјади куќи, а повредени најмалку 1.200 луѓе.
-Ниту еден од постоечките системи, руски, американски не го регистрираа овој објект, додека не влезе во атмосферата – изјави директорот од Институтот за астрономија од Руската академија за наука, Борис Шустов.
Тој наведе дека било невозможно да се забележи метеорит кој доаѓа директно од правецот на Сонцето.