Циклонот Фани што ја погоди Јужна Азија усмрти најмалку 49 луѓе, изјавија официјални лица.
Според последните податоци, најмалку 34 лица загинаа во Индија, а 15 во Бангладеш.
Поради циклонот евакуирани се над еден милион луѓе од околу 15.000 села во Индија.
За разлика од циклонот во 1999 година, кога загинаа повеќе од 10.000 луѓе во индиската држава Одиша, сега при евакуацијата властите и населението покажаа поголема подготвеност.
Циклонот, кој ја погоди Одиша во петокот, донесе ветрови до 205 километри на час.
– Овој циклон е еден од ретките летни урагани, кои ја погодија Одиша во последните 43 години, а третиот во последните 150 години, изјави официјален претставник на Одиша, Навин Патнаик.