Дводневниот состанок на министрите за животна средина на Г7 во Мец, Франција, се одржува со цел да се промовираат конкретни активности и да се усвои повелба за биолошка разновидност, во пресрет на објавувањето на извештајот за алармантната состојба на природата, јави дописникот на МИА.
Покрај земјите од Г-7 (Франција, Канада, Германија, САД, Италија, Јапонија, Велика Британија), учествуваат и делегации од Мексико, Чиле, Нигер, Габон, Египет, Индија, Индонезија, Фиџи, Норвешка и од Европската унија.
Програмата за овие два дена има конкретни иницијативи за борба против уништувањето на шумите, отпадот од пластика и заштита на коралните гребени и усвојување на Повелбата на биолошката разновидност. Исто така, ќе се разгледуваат и прашањата за климата и финансирање на акциите во корист на биолошката разновидност и научни сигнали.
Оваа средба се очекува да заврши утре попладне, кога Париз ќе се објави финалната верзија на обемен извештај за глобалната состојба на екосистемите. Научните откритија се многу загрижувачки, а уништувањето на природата како и климатските промени ја загрозуваат иднината на човекот.