Пилот на Вилијамс, Роберт Кубица смета дека неговата брзина на почетокот на сезоната е потценета. Лошите резултати на трките се објаснуваат со слабата форма на автомобилот.
– Не е лесно да се видат добрите работи во такви услови. Но, мислам дека има позитивни моменти. Веројатно некои од нив се скриени зад севкупните перформанси. Се разбира, многу уште треба да се подобри. Мојата брзина е многу подобра отколку што изгледа. За жал, ова е нашата позиција. Проблемите со машината ја прават работата многу напорна. Ние се бориме за брзина и се бориме со други потешкотии, изјави Кубица.
Полскиот возач по четири трки оваа сезона во Формула 1 шампионатот е на последното 20. место без освоен бод.