Џенифер Анистон во февруари го прослави 50-от роденден, а меѓу бројните гости на забавата беше и нејзиниот поранешен сопруг, 55-годишниот актер, Бред Пит.
Обожавателите на поранешните сопружници тогаш почнаа да погодуваат што и подарил Бред на својата екс-сопруга.
Имено, Бред потрошил 70 милиони евра на подарокот на својата прва жена Џенифер, пренесува Mirror.
Пит одлучи 50-от роденден на Џенифер да го направи посебен, па и ја подари куќата на Беверли Хилс во која живееле заедно додека биле во брак.
– Куќата беше на продажба во времето кога тие се разделуваа, а на Џенифер тешко и падна што Бред тогаш не ја купи, раскажа близок пријател на актерката.
Сепак желбата и се исполни неколку години подоцна кога Бред и ја подари токму таа куќа.
Џенифер и Бред беа во брак од 2000-та до 2005-та година, а огромниот број фанови се надеваа дека двојката ќе биде повторно заедно.