Циклонот Фани ја погоди Индија: Тројца загинати, милион евакуирани

Од:

Циклонот Фани ја погоди Индија, што се смета за најсилна бура во таа земја во последните 20 години.

„Њу Делхи телевижн“ јави дека утрово во бурата загинале најмалку три лица.

Во последните денови се зголемуваше силината на циклонот во северните делови на Бенгалскиот залив, по што утрово, околу осум часот, го погоди брегот на сојузната држава Одиша, на истокот на земјата, соопшти државниот Индиски метеоролошки оддел. Оттаму соопштуваат дека обилните врнежи ќе продолжат, а силината на ветрот достигнува до 200 километри на час.

Во последните 24 часа државата евакуираше над милион лица од најранливите места долж брегот.

Долж источниот брег на Индија загрозени се над 100 милиони луѓе. Циклонот Фани е најсилната бура која го погодила овој дел на Индија од 1999 година, кога во тропски циклон загинаа најмалку 10.000 луѓе.

Училиштата и факултетите во Одиша запреа со работа. Распоредени се стотици припадници на тимовите за спасување, а на лекарите и другиот медицински персонал им е кажано да ги одложат годишните одмори до 15 мај. Аеродромот во Одиша е затворен, како и оној во Западен Бенгал. На најзагрозените, властите им доставуваат храна и вода.

Си-Ен-Ен соопшти дека индиската Влада одвоила 144 милиони долари за помош на погодените подрачја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати