Католичкиот кардинал на Шри Ланка предупреди на нови напади врз цркви

Од:

Католичкиот кардинал на Шри Ланка, Малколм Ранџит ги предупреди верските претставници дека добил информации од странство оти во текот на оваа недела ќе има обиди за нови напади врз цркви и верски институции во земјата.

Ранџит, кој е надбискуп на Коломбо и претходно ја критикуваше Владата на Шри Ланка дека не реагирала на разузнавачките информации од Индија во кои се предупредувало за терористички напади пред да се случат за католичкиот Велигден, објави најново писмо со предупредување на социјалните мрежи.

Тој во писмото наведува дека „на неопределено време“ ги затворил католичките цркви и училишта ширум Шри Ланка, а исто така ги откажал и сите јавни собири.

Портпаролот на католичката црква на Шри Ланка, Едмунд Тилакаранте ја потврди автентичноста на писмото од кардиналот, но одби да открие други детали и изворот на информациите кои Ранџит ги добил од странство.

Група од Шри Ланка, поврзана со џихадистичката Исламска држава, на 21 април, на католички Велигден, изврши повеќе напади врз хотели и цркви на Шри Ланка, во кои загинаа повеќе од 250 луѓе.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска