Авганистанските сили и меѓународните коалициски сили убиле најмалку 25 бунтовници и тројци нивни генерали во одвоени операции низ земјата во изминатите три дена, соопшти денеска авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението на Министерството се наведува дека 15 бунтовници се убиени во авганистански операции извршени во Метерлам, главниот град на источната провинција Лагман, а дека вчера бил убиен бунтовничкиот командант Кари Алмас.
Истовремено, НАТО соопшти дека коалициските сили убиле 10 бунтовници во заеднички операции со авганистанските сили извршени во јужниот и источниот дел на Авганистан.
Според податоците на НАТО петмина бунтовници се убиени во областа Андар во источната провинција Хазни, тројца во операција во источната провинција Логар, а двајца во јужната покраина Хелманд.