Познатиот американски водител Лари Кинг, доживеа срцев удар минатиот четврток, дознава ТМЗ.
Според извори на весникот, Кинг имал проблеми со дишењето неколку месеци. Тој имал закажано ангиограм во четвртокот, и додека се подготвувал да замине, доживеал срцев удар.
Веднаш бил однесен во болница, каде што бил опериран.
ТМЗ објави дека Кинг, кој веќе преживеал два срцеви удари и проблеми со срцето, се очекува да биде пуштен на домашно лекување во понеделник.