Најмалку 11 лица, меѓу кои и три деца, загинаа кога автобус во северниот дел на Мексико се собори, објавија денеска итни служби.
Во автобусот имаше околу 40 патници, а можно е бројот на жртвите да биде поголем, бидејќи телата на сите оние што беа убиени не се извлечени.
Шеф на службите за итни случаи во Рио Гранде, Моисес Виљаграм, вели дека се верува дека несреќата се случила бидејќи возачот заспал зад воланот.
“Автобусот превезуваше од Мексико Сити до градот Торе”, рече Виљаграм.