ОН со поддршка за Меѓународниот договор за трговија со оружје

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш смета дека Меѓународниот договор за трговија со оружје, е единствен транспарентен инструмент во таа сфера особено важен во период на тензии во светот. Тоа се нагласува во изјава на Гутереш во врска со објавата од САД дека нема да го ратификуваат документот.

Договорот за трговија со оружје е единствениот светски документ насочен кон зголемување на транспарентноста и контрола над меѓународната трговија со оружје, се вели во изјавата на Гутереш.

– Тој е особено важен сега кога се воочени зголемени меѓународни тензии, нагласува Гутереш. Генералниот секретар додава дека договорот е важна етапа во напорите за обезбедување одговорност во трговијата со оружје.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога