Азаренка ја детронираше Плишкова во Штутгарт

Од:

Поранешната број 1 во светот, Викторија Азаренка (Белорусија) се пласира во четвртфиналето на турнирот во германскиот град Штутгарт со награден фонд од 886.077 долари.

Азаренка ја отстрани минатогодишната шампионка и поставена под број 4 Каролина Плишкова (Чешка) со 4:6, 6:3, 6:4 по малку повеќе од два часа игра. Со успехот, натпреварувачката од Белорусија си обезбеди враќање во топ 50 листата на ВТА.

Азаренка запиша прв успех на земја над тенисерка од топ 5 на светската ВТА листа од 2015 година во Рим.

– Мислам дека целиот натпревар беше на многу високо ниво. Имаше многу винери, многу добри сервиси, асови, агресија и од двете страни. На почетокот на третиот сет таа ме притисна, имав два тешки сервис-гема, во едниот од кои спасив и две можности за брејк. Но зачував концентрација, се извлеков од најтешките ситуации и ги искористив шансите кога дојдоа. Во последниот гем успеав да пласирам неколку добри ретурни, ја поставив под притисок и успеав, прокоментира Азаренка.

Во четвртфиналето ќе се сретне осмата носителка Анет Контавеит (Естонија).

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он