Албанската опозиција одржа протести барајќи оставка на владата, обвинувајќи ја за корупција и врски со организираниот криминал.
Членовите на опозицијата на Демократската партија еден час блокираа пет крстосници на националните патишта, барајќи оставка на владата, формирање на преодна влада и предвремени парламентарни избори, објави АП.
Американската агенција потсетува дека албанската влада ги негира сите обвинувања од опозицијата и дека приврзаниците на опозицијата кои протестираа од февруари постојано се обидуваа да влезат во парламентот и владините згради, на кои властите одговорија со димни бомби и водени топови.