Полицијата на Шри Ланка изврши контролирана експлозија

Од:

Полицијата на Шри Ланка соопшти дека денеска изврши контролирана експлозија на сомнителен мопед, кој се наоѓал во близина на популарното кино Савој во Колумбо.

Мопедот не содржел експлозив, а полицијата изврши контролирана експлозија поради претпазливост по терористичките напади на Шри Ланка, при што загинаа 359 луѓе.

Претходно премиерот на Шри Ланка Ланке, Ранил Викремесинге изјави дека „има луѓе со експлозив, кои се уште се во бегство“. Но, тој не прецизираше колку лица се во бегство.

Додека претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена изјави дека очекува смени на челниците на одбранбените сили на земјата, затоа што не успеале да ги спречат нападите на бомбашите самоубијци.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска