Вооружена група нападна камп на армијата на Мали

Од:

Група вооружени мажи на мопеди синоќа отворија оган врз воен камп во Мали, во близина на границата со Мавританија, соопшти портпаролот на армијата на Мали, Диаран Коне.

Тој наведе дека во инцидентот има и загинати, но не ја прецизира нивната бројка.

Вооружениот инцидент се случил во селото Гуире, а според очевидци загинале најмалку 10 луѓе.

Се уште никој не презел одговорност за нападот, но групи поврзани со Ал Каеда се активни во тој регион.

Во минатомесечниот напад при што загинаа 20 војници одговорноста ја преземаа групи поврзани со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска