Уште 155 милиони Индијци гласаат во втората фаза од општите избори

Од:

Граѓаните со право на глас уште од утрото се собираат пред избирачките места, во втората фаза од општите избори во Индија, на кои опозицијата се обидува да го спречи премиерот Нарендра Моди да освои втор мандат.

Повеќе од 155 милиони луѓе со право на глас денеска ќе се изјаснат во 95 изборни окрузи во 12 индиски сојузни држави, вклучително и тензичните држави Џаму и Кашмир.

Фокусот ќе биде на јужните држави Тамил Наду и Карнатака, каде главната опозициска Конгресна Партија и нејзините сојузници треба да освојат победа ако сакаат да ја соборат Индиската народна партија (БЈП) на Моди.

Моди и БЈП водеа агресивна предизборна кампања, обидувајќи се да ја привлечат својата националистичка, хинудистичка избирачка база и напаѓајќи ги политичките опоненти дека им се додворуваат на малцинствата.

Критичарите предупредија дека таквата изборна реторика е закана за секуларните темели на државата.

Кампањата на Конгресна партија беше насочена на пораст на невработеноста и проблемите во земјоделството, а ветуваше и субвенции за најсиромашните семејства.

Изборите во Индија почна на 11 април и ќе траат до 19 мај. Околу 900 милиони Индијци вкупно 39 дена ќе гласаат за новиот состав на Парламентот. Изборите се одвиваат во седум фази, а официјалните резултатити предвидено е да бидат објавени на 23 мај.

Кој и да победи на изборите и формира влада, ќе управува со втора земја во светот по бројот на жители, силна економија и нуклеарна сила.

Индискиот парламент има два дома. Народното собрание или Долниот дом има 545 пратеници, од кои 543 се избираат директно од граѓаните, а двајца членови ги назначува претседателот на Индија. Мандатот на пратениците е пет години. Совет на држави или Горниот дом може да има максимум 250 пратеници, чиј мандат е шест години. Членовите на Горниот дом индиректно се избираат од законодавните тела на сојузните државите. Сега има 245 членови, од кои 233 се избираат од сојузните држави и територии, а 12 ги предлага претседателот поради нивниот придонес во уметноста, спортот и бизнисот.

Во исто време со општите избори граѓаните ќе гласаат и за членови на законодавите домови во индиските сојузни државите Андра Прадеш, Аруначал Прадеш, Одиша и Сиким.

Според анкетите, фаворит е партијата Баратија Џаната (БЈП) на премиерот Нарендра Моди, а негов главен ривал е опозицискиот лидер Раул Ганди, наследник на политичката династија Ганди – Нехру.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати