[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Два авиона со хуманитарна помош полетаа од Москва, во Латкаиј и при враќање ќе ги земат сите Руси кои сакаат да ја напуштат Сирија, во која се води војна.
Морнарицата прати четири воени брода во Медитеранот поради можна евакуација на што поголем број руски државјани.
-„Иљушин-62“ и „Иљушин-76’ носат 40 тона хуманитарна помош и се подготвени за евакуација на Русите кои сакаат да ја напуштат Сирија – изјавија од министерството за одбрана на Русија.
Помошта се состои од електрична опрема, постелнина, шатори, прехрамбени производи и слично.
Во меѓувреме руското министерство за одбрана објави дека Русија во Медитеранот испрати четири воени брода, кои ќе се придружат на бродовите кои што се наоѓаат во тој регион.
Министерството соопшти дека бродовите ќе бидат во воена служба, но не наведе повеќе детали.
Меѓутоа еден воен извор изјави дека главна задача на бродовите е да учествуваат во евакуација на руските државјани во Сирија.
Според проценките на Обединетите нации, речиси 70 илјади луѓе се убиени од почетокот на војната во 2011 година, во Сирија.