Толпите изненадени парижани и туристи – некои плачеа, други се молеа – гледаа ужасно во центарот на Париз додека пламенот ја зафаќаше катедралата Нотр-Дам.
Воздишки и плач од неверување го исполни Париз.
Nôtre dame #París pic.twitter.com/Zo4qWvBuun
— Carlos Feria (@carlosferiab) April 15, 2019
Едно лице што беше сведок на настанот, на Твитер ги пренесуваше реакциите на оние што стоеја близу до него, гледајќи го пламенот кој го голташе историскиот Париски споменик.
Тој напишал: “Извини сине, но не гори секој ден Нотр Дам”, вели татко на нестрпливото бебе, а на два метри него стои пасплакана жена, велејќи “тие мора да направат нешто! Мора да направат нешто!”
“Париз е обезличен, градот никогаш нема да биде како што беше порано”, се повторува низ улиците на Париз.
Полицијата се обидуваше да ги расчисти пешаците од двата острови во реката Сена.
Еден новинар на местото на настанот го фати моментот во близина, твитувајќи: “Местото Хотел де Вил е полно. Чудна атмосфера”.
La place de l'Hotel de Ville est pleine. Ambiance étrange.. #NotreDame pic.twitter.com/Lt1xGpyIGx
— Romain Lescurieux (@RLescurieux) April 15, 2019