Покрената истрага за причината на пожарот во црквата Нотр Дам

Од:

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз.

Неофицијално се претпоставува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.

– Сè гори, ништо нема да остане, изјави портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино.

Заменикот градоначалник на Париз Емануел Грегоар изјави дека специјални тимови се обидуваат да ги спасат уметничките и други непроценливи дела кои се наоѓаат во катедралата.

Тој оцени дека Богородичната црква претрпела „колосална штета“.

Новинарот на Фигаро известува дека во близина на пожарот се собираат луѓе кои плачат и се прегрнуваат.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток