Малта денеска соопшти дека 64-те мигранти спасени на море во близина на Либија ќе бидат распоредени во четири земји-членки на ЕУ.
Владата на Малта најави дека мигрантите кои беа спасени пред десетина дена, ќе бидат испратени во Германија, Франција, Португалија и Луксембург.
Властите на Малта, исто така, соопштија дека германскиот спасувачки брод „Алан Курди” нема да може да влезе во малтешкото пристаниште.
Бродот и натаму се наоѓа на отворено море,откако беа спасени мигрантите, а екипажот неодамна изјави дека им останало уште малку од залихите.
Владата на Малта додава дека ниту еден од мигрантите нема да остане во земјата.