Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави снимка со која потсетува на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.
Снимката со опис „Никогаш нема да заборавиме“ тој и одговори на конгресменката од Минесота Илан Омар.
Како што пишува Индипендент, Трамп сурово ја нападна Илан Омар, една од двете жени од исламска вера која минатата година беше изгласана во Конгресот. Тој ја постави снимката на која се гледа сцената од рушењето на кулите во Њујорк.
Илан Омар е мета на критики претходните неколку дена откако во јавноста се појави снимка од нејзиното обраќање на група муслимани, зборувајќи за 11 септември и за влијанието од тој настан на членовите на заедницата.
„Советот за амриканско-исламски односи основан е после 9/11 бидејќи препознаа дека некои луѓе направија нешто и сите почнуваме да го губиме пристапот кон нашите граѓански слободи“, рече таа.
WE WILL NEVER FORGET! pic.twitter.com/VxrGFRFeJM
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 12, 2019
Тоа што го употреби зборот „нешто“ за суровото убиство на 3000 луѓе беше доволно да се најде на удар на јавноста, а пред се на републиканците, пишува Индипендент.
„Њујорк пост“ кој е таблоид во сопствеништво на Риперт Мардок објави насловна страна со кулите во пламен и со порака до Илан Омар: „Еве го твоето нешто“.
Илан Омар потекнува од Сомалија. Во САД се пресели во 1995 година откако помина четири години во бегалски камп во Кенија.
Таа на Трамп му одговори цитирајќи го Џорџ Буш.
„Луѓето-и луѓето кои ги срушија овие згради ќе не слушнат наскоро.
Дали Буш го намали значењето на терористичкиот напад. Што ако беше муслиман, напиша Омар.