Русија ќе испрати уште четири воени бродови во Медитеранот, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додека кризата во Сирија се влошува и Москва ги презема сите мерки за евентуална евакуација на своите државјани.
Четири бродови со платформа за слетување на хеликоптери ќе му се приклучат на бродот за придружба и на помалите руски бродови кои веќе се наоѓаат во тој регион, наведе Министерството.
Еден воен извор рече дека главна задача на тие бродови би можело да биде учество во евентуална евакуација на руски државјани од Сирија.