Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на уредот Аргус II за лицата кои го изгубиле видот поради ретко генетско пореметување.
Аргус II е имплант кој со помош на камера и предаватели сместени на посебни очила по бежичен пат ги пренесува собраните слики до мозокот.
Уредот е засега наменет само на лица кои го изгубиле видот поради ретинитис пигментоса.
Се проценува дека ретинитисот пигментоса погодува 100.000 луѓе во САД.
Според спроведените тестирања, Аргус II може делумно да го врати видот.
Операцијата на вградување на имплантот трае околу два часа.