Царинската управа денеска традиционално ќе го одбележи својот празник 14 април.
По тој повод ќе се одржи свеченост на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев, заменик министерот за финансии Ширет Елези и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
На свеченоста ќе биде презентиран новиот концепт на „Дигитална царина” и Годишниот извештај за работата на Царинската управа во 2018 година, а ќе присуствуваат високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, колегиумот на Царинската управа и претставници на сите царинарници.