Британски научници се на прагот на нови сознанија, кои би помогнале при откривањето на тешки инфекции, како што се ХИВ-вирусот, хепатитис, но и грип.
„Diamond Light Source“ при Универзитетот Оксфорд би можел да стане светски центар за истражување на структурата на вирусите и бактериите, кои се причинители на тешки болести.
Научниците користат икс-зраци за да откријат молекуларни и атомски објекти и материјали.
– Вирусите, како што знаете, не можат да се видат на обичен микроскоп. Но со кристалографијата и икс-зраците и техниките кои ги користиме, во можност сме да видиме 10.000 пати подобро отколку со нормално осветлени микроскопи, објаснува Дејв Стјуарт, научник во оваа установа и професор по биологија на Оксфорд.
Тој додава дека на овој начин можат да се видат посебните атоми на вирусите, што дава можност за модерни лекови кои би ги произвеле фармацевтските компании.
Неодамна е проучуван хуманиот ентервирус EV71 кој предизвикува болест што се пренесува од рацете и стапалата до устата.
Оваа инфекција е честа кај доенчињата и децата посебно во Азија, а ја карактеризираат треска, болни чиреви во устата, како и непријатни плускавци на рацете, нозете и задникот. Не постои вакцина или било каков лек за оваа состојба.
Научниците успеале да го проучат овој вирус до атомите и да го прекинат процесот на пренесување во самиот корен.