ЕУ во мај ќе организира донаторска конференција за Мали

Од:

Европската унија ќе организира меѓународна донаторска конференција за Мали во мај, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

– Оваа конференција ќе биде доказ за нашата одлучност и нашите напори во насока на стабилноста, еднинството, демократијата и развојот на Мали. Малискиот народ може да смета на Европа, нагласи Баросо.

ЕУ минатата недела деблокира 250 милиони евра за Мали, кои беа замрзнати по превратот во африканската држава во март 2012 година и ја отпушти првата транша од 20 милиони евра.

– САД веројатно ќе ја обноват директната поддршка за малиската армија, но само откако демократијата ќе биде целосно воспоставена преку избори, изјави сенаторот Кристофер Кунс, кој ја предводи делегацијата на американскиот Конгрес во Мали.

Ова е прва посета на американски конгресмени на Мали од почетокот на француската воена интервенција, која почна минатиот месец а која е насочена против бунтовниците поврзани со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он