Тејлор Свифт донираше 113.000 долари за заштита на ЛГБТ правата

Од:

Пејачката Тејлор Свифт донираше 113.000 долари на организации кои се борат за заштита на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата и општо за заштита на човековите права во американската сојузна држава Тенеси.

Свифт со донацијата, му испратила и рачно напишано писмо до директорот на невладината организација за заштита на ЛГБТ правата, Крис Сандерс.

– Драги Крис, ти го пишувам писмово за да ти кажам дека сум инспирирана од работата што ти ја вршиш, посебно околу собирањето потписи за неодамнешната петиција на верските водачи од Тенеси кои се спротивставија на омразата во нашата легислатива, пишува Свифт.

Американската пејачка, исто така, најави дека ќе биде „сѐ погласна“ во поддршката на демократските кандидати за претседателските избори во САД наредната година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска