Полицијата заплени повеќе од 90 килограми марихуана во јужниот руски регион Ростов, соопшти денеска Федералната служба за контрола на наркотици.
Полицијата доби информација дека 29-годишен маж нуди на продажба три вреќи со марихуана.
Полицајците, кои се претставувале како купувачи купиле повеќе од 90 килограми дрога, а потоа пронашле уште пет торби во куќата на човек. Тие исто така откриле и лажни лични карти, семе од марихуана и опрема поврзана со конзумирање производство на дрогата.
Федералната служба не прецизираше каде се случил инцидентот.
Дрогата е проценета на вкупна улична вредност од повеќе од 13 милиони рубљи (околу 400.000 долари). Мажот е уапсен и му се заканува затворска казна од 20 години, ако биде прогласен за виновен за трговија со наркотици.