На Русија и требаат 2 милијарди долари за штит од метеори

Од:

На Русија и се потребни околу две милијарди долари за изградба на систем за одбрана од метеори, изјави денес шефицата на одделот на астрономскиот институт на Руската академија на науките Лидија Рихлова.

„Покрај мрежата телескопи на Земјата, ни треба и платформа во вселената. За сето тоа ни се потребни 58 милијарди рубли (околу две милијарди долари) во наредните десет години”, рече таа.

Нацрт програмата за создавање на антиметеорски штит го одобри руската вселенска агенција Роскосмос и проектот е предаден на вицепремиерот Дмитриј Рогозин, додаде Лидија Рихлова.
Оваа програма доби во важност, откако метеор експлодира во петокот над регионот на Урал, при што беа повредени околу 1.200 луѓе.

Ако не експлодираше во атмосферата туку паднеше на земја, силата на експлозијата можеше да биде еднаква на 500 килотони на ТНТ, рече Лидија Рихлова.

Научниците пронајдоа делови од метеорот што се скрши на седум поголеми парчиња, од кои едното паднало во езерото Чербакул.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети