Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека му се допаѓа моделот на управување, кој го применуваше во Манчестер Јунајтед легендарниот поранешен менаџер Сер Алекс Фергусон.
– Секогаш има некој кој сака да го направи фудбалот посложен и тоа ме збунува. Не зборувам за некој конкретно. Можам само да кажам дека тие ги комплицираат простите нешта. Едноставноста е најтешкото нешто. Одиме во погрешна насока, бидејќи секакви компликации, ја направиме нашата работа уште потешка, вели Алегри, цитиран од „Фудбал Италија“.
Според него, корпоративниот тренер, е тренерот кој носи резултати.
– Јас се сметам себе си како менаџер на клубот, кој мора да направи резиме на крајот на сезоната не само во поглед на спортските перформанси, туку и во однос на развојот на играчите. Резултатите се она што во крајна линија влијае на финансиите на клубот и се надевам дека ќе ја имам истата улога како Фергусон, бидејќи тоа значи дека ќе останам во Јувентус во ист број години, додаде тој.