Италија одбива да им даде прибежиште на 64 мигранти од Либија

Од:

Министерот за внатрешни работи на Италија изјави дека нема да понуди безбедно пристаниште за 64-те мигранти спасени од Либија, од страна на германска хуманитарна група.

Групата соопшти дека го извршила спасувањето од брегот на Зувара западно од главниот град Триполи, откако либиските власти не можеле да стигнат.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, изјави дека овој брод, како и другите пред него, нема да бидат добредојден во Италија.

“Брод со германско знаме, германска невладина организација, германски сопственик на брод, капетан од Хамбург, кој одговорил во либиските води и бара безбедна пристаниште. Добро, одете во Хамбург”, рече Салвини.

И Италија и Малта одбија да ги прифатат бродовите на хуманитарните групи што патролираат во Медитеранот, што доведува до бројни одложувања во спасувањето на мигрантите на копно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот