GM и АвтоВАЗ ги откриja првите детали за новата генерација на Chevrolet Niva. Автомобилот ќе има нов екстериер и ентериер, кои се веќе целосно завршени и има неколку експериментални примероци.
Се развива нов 1,8 литарски мотор, потпирање, трансмисија и она што е најважно ќе има нов систем за пренос на сите четири тркала.
Премиерата на новата Chevrolet Niva е закажана за салонот во Москва во 2014 година, а нејзиното пуштање во производство за крајот на истата или во почетокот на 2015.
Дотогаш во план е производствените капацитети на GM-АвтоВАЗ да бидат зголемени за 20% и годишното производство ќе достигне до 120.000 автомобили.