Николас Кејџ по четири дена побара поништување на брак

Од:

Американскиот актер Николас Кејџ (55) поднесе барање за поништување на брак четири дена по венчавката во Лас Вегас.

Како што покажуваат судските списи, Кејџ побарал поништување на бракот во средата, со образложение дека бил премногу пијан за да разбере што прави кога се венчал за својата девојка Ерика Коике.

Кејџ, чие вистинско име е Николас Ким Копола, рекол дека тој и девојка му пиеле „до точка на интоксикација” пред да се венчаат минатата сабота.

Актерот навел оти не бил свесен дека Коике „е во врска со друго лице”.

Тоа е четврти брак на Кејџ. Тој претходно беше во брак со Алис Ким, Лиза Мари Присли и Патриша Аркет.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска