Трамп: Најверојатно ќе разговарам со Путин и Си за Венецуела

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека најверојатно ќе разговара за венецуелската криза со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг.

-Најверојатно ќе разговараме во одреден момент. Ќе разговарам со многу луѓе, можеби со претседателот Путин, можеби со кинескиот претседател Си, рече Трамп.

Американскиот претседател се огласи откако Белата куќа ги предупреди Русија и другите земји што го поддржуваат претседателот Николас Мадуро, да не испраќаат војници и воена опрема во Венецуела.

Кремљ вчера го одби барањето на Трамп, Русија да се повлече од Венецуела, објаснувајќи дека руските акции се легални и во согласност со договорот што Москва го има со легитимната влада на таа земја.

Трамп претходно ја повика Русија да се повлече од Венецуела и истакна дека, за остварување на таа цел, „сите опции се отворени”.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ