По сè, изгледа дека брзата храна не е измислена 20 век. При археолошки ископувања во древноримскиот град Помпеја, откриено е прилично добро зачувано место за продажба на „оброк од нога“.
Шарениот 2.000 години стар термополиум (древна римска гостилница), е откриен во Регионот Пет во северниот дел на древниот град. Овие „ресторани“ биле посебно популарни, за што говори фактот оти пронајдени се дури 150 такви низ цел град пред вулканската ерупција 79 година од нашата ера, да го пеплоса.
Во тие објекти се служеле напивки и лесни закуски, како селски леб со солена риба, печено сирење и леќа.
Вулканот Везув убил најмалку 2.000 луѓе. Остатоците од Помпеја се откриени 16 век, а археолошките истражувања почнале 1748 година. Тие до денес редовно ни откриваат по некоја занимливост.