Со тим од министри до подобра реализација на капиталните инвестиции

Од:

Капиталните инвестиции во 2019 година ќе се реализираат поинтензивно. За таа цел е направен тим од министри што има за задача да ја контролира нивната реализација, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Направен е тим што го предводам јас заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за економија Крешник Бектеши што има за задача во името на Владата да ги контролира капиталните инвестиции и да ги забрзува. Тимот почна да функционира пред еден месец и веќе има сериозни исчекори, а бројките допрва ќе се видат, изјави Анѓушев во одговор на новинарско прашање пред почетокот на меѓународната арбитражна конференција „Преку унапредување на арбитражното законодавство до подобро деловно опкружување“ во Стопанската комора на Македонија.

Тој посочи дека малата реализација на капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава се должи на лошите градежни услови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница