Џастин Бибер се повлекува од сцената поради психички проблеми

Од:

Џастин Бибер соопшти дека накусо се повлекува од сцената поради психички проблеми, но и за да му посвети повеќе време на бракот.

Тој призна дека обожавателите оправдано го критикувале оти при својата трета светска турнеја во 2016 и 2017 година постојано бил нерасположен и дека не успеал да им ја пружи потребната енергија.

– Се обидувам да откријам што ме мачи, како и многумина од вас. Така, одлучив да се фокусирам на решавање на некои длабоки психички проблеми кои ме мачат, за да не се распаднам, да го зачувам својот брак и станам татко каков што сакам да бидам, објави Бибер на Инстаграм.

Во ноември лани, тој се венча со американската манекенка Хејли Болдвин.

– Музиката ми е доста важна, но ништо не смее да застане пред семејството и моето здравје, нагласи уште кон крајот на 2018 година.

Меѓутоа, тој истакна дека тоа не значи дека се откажува целосно од музиката.

Во 2015 година Бибер го издаде четвртиот албум „Purpose“ и тргна на светска турнеја. Но, таа беше прекината, а 15 концерти не беа одржани, како што пишуваа медиумите, поради депресија и исцрпеност кај пејачот.

Бибер во светот продаде вкупно околу 150 милиони албуми, а само во САД – 45 милиони албуми и синглови.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска