На меѓународниот аеродром во Тирана уапсен е државјанин на Индија, баран со меѓународна потерница поради поврзаност со браќата Сандесара, кои властите во Индија ги товарат за перење пари а биле инвеститори во Албанија.
Според полициското соопштение, Интерпол Тирана во соработка со полициските службеници на аеродромот, уапсен е Хитершкумар Пател(59), роден во Индија а жител на Нигерија, шура на еден од браќата, при обид да ја напушти Албанија.
-Апсењето е врз основа на меѓународната потерница издадена од Интерпол Њу Делхи,Индија, а понатамошните активности за негова екстрадиција се во надлжност на Интерпол Тирана, стои во соопштението.
Скандалот со браќата Нитин и Четан Сандесара, обвинети за за кражба и перење 725 милиони долари во нивната земја,добива се поголем публицитет во Албанија,каде тие прстигнале во 2017 година,почнале бизнис во областа на градежништвото а згора на тоа добиле и албанско државјанство.
Формирајќи ги фирмите „Тујла Реал Естате“ и „Лаксми Реал Естате“ почнале да инвестираат во изградба на повеќекатници во Тирана и угостителски објекти на крајбрежјето на југот на Албанија.
Останува нејасно дали браќата Сандерсара сега се во Албанија или пак заминале по објавувањето на скандалот. Но, апсењето на Хитершкумар Пател претставува значаен чекор во она што може да биде еден од најголемите шеми за перење пари во Албанија.