Решена мистерија стара 130 години: Докажано кој бил Џек Мевосек

Од:

Еден од најнеславните убијци во британската историја, Џек Мевосек убивал пред скоро век и половина, и неговиот идентитет е една од најдолго нерешените мистерии во светската криминалистика.

– Денешната методологија на ДНК анализа и примерок од крвта на една од жртвите – Катрин Едоус, конечно, по 130 години, го открија идентитетот на убиецот, соопшти Универзитетот Џон Морс од Ливерпул.

И според новите наоди, убиецот е Арон Космински (23), бербер од Полска кој живеел во Лондон. Космински и тогаш бил главниот осомничен од детективот кој ја водел истрагата, но немало доволно докази за да биде осуден.

Џек Мевосек се сомничи за силување и убиство на најмалку пет жени во источен Лондон во 1888 година. Шалот е најден покрај четвртата жртва на Мевосек – Катрин Едоус, а и се претпоставуваше дека крвта била на убиецот. Не е првпат Космински да се поврзува со овие злосторства, но сега тоа е поткрепено со докази.

Во анализата објавена во форензичкото списание „Џурни оф форензик сајенсис“, се наведува: „Првпат ја опишавме систематската, молекуларна анализа на единствениот зачуван физички доказ поврзан со убиствата на Џек Мевосек. Поклопувањето на двата слични профила во истиот доказен материјал ја зголемува статистичката веројатност на неговата севкупна идентификација, како и тоа дека шалот е автентичен”.

Како што објави „Индипендент“, Комсински бил полски Евреин кој се иселил во Англија поради руското влијание во неговата земја. Во 1891 година е сместен во психијатријска болница во Лондон, каде што и починал осум години подоцна.

Шалот, како единствен доказ од место на злосторствата на Џек Мевосек, во 2007 година на аукција му беше продаден на бизнисменот Расел Едвардс.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон