Светската ракометна федерација (ИХФ) ги прогласи Микел Хансен (Данска) и Кристина Неагу (Романија) за најдобри за 2018 година.
Данецот по третпат ја заслужи наградата откако имаше одлична година со својот клуб и репрезентација. Со ПСЖ тој стигна до бронза на „Фајнал фор“ во ЛШ, а ја освои и титулата во Франција.
Романската ракометарка пак по четврти пат беше избрана за најдобра во светот. Со ЧСМ Букурешт освои две титули во Романија, во Купот и првенството, додека со националниот тим играше во полуфиналето на ЕП во Франција.
The wait is over and here they are – the IHF World Players of the Year 2018??@mikkelhansen24 is celebrating his third award
and @CrisNeagu8 is the first person to win the award four times!
Congratulations, champs ???
Read more: https://t.co/nvFLfrmq1w pic.twitter.com/KBiYRIAKG1— IHF (@ihf_info) March 18, 2019