Стефановиќ: Полицијата не го прифати сценариото да се тепа со луѓето

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ кажа дека демонстрантите се изнесени од РТС без да биде применета сила како во минатото.

-Бесмислен е влезот во РТС, што имаа намера, да ги фрлаат новинарите на телевизијата низ прозорец? Тие уште ги повикуваат луѓето на насилство, мислев дека имаат разум и поинакви политички ставови, знам дека ги фрустрира малата поддршка од народот, но тоа не значи дека треба да уривате.

Полицијата не примени сила, дури и кога имаше напади врз неа, не го прифати сценариото да се тепа со луѓето. Само ги изнесе еден по еден надвор и ја обезбеди телевизијата. Пред РТС се 400 луѓе, можат да останат колку што сакаат. Нека шетаат, нека прават што сакат, се им е дозволено, но да уништуваат имот на телевизија или било која институција нема да им биде дозволено.

Замислете секој што ќе собете 400 луѓе да влегува на сила каде ќе му текне и да бара да биде во програма, тоа така нема да може да се случува, кажа министерот за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Стефановиќ: Протести се дозволени, но не и упади по телевизии и блокади на сообраќајници

Виктор Јованов