Промовирана книга „Странските директни инвестиции од Република Турција во Македонија“

Од:

Детален преглед на вкупните странски директни инвестиции во државава во последниве децении, со посебен осврт на оние кои доаѓаат од Турција, нуди книгата „Странските директни инвестиции од Република Турција во Македонија“ на д-р Есфер Алији, што беше промовирана синоќа во Скопје.

На промоцијата е истакнато дека вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во државава од 1997 до 2017 година изнесувале 4,7 милијарди евра и имаат ниско учество во бруто домашниот производ на државата. Најголеми директни инвестиции во овој период се дојдени од Холандија, а потоа следат Австрија, Грција, Словенија и Унгарија, а од 2015 година на шесто место по странските директни инвестиции се појавува Турција од каде од 1997 до 2017 година влегле 252,3 милиони евра.

-Странските директни инвестиции како долгорочен извор и катализатор на економската активност секогаш беа и по се изгледа ќе останат актуелна проблематика во земјава. Општите резултати од ова истражување покажуваат дека економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција е интензивна и активна во повеќе сегменти, а посебно во однос на СДИ. Иако растот на СДИ од Република Турција и трговската соработка бележат значаен тренд на раст во последнава декада, сепак детектиравме дека сé уште има сектори и сегменти во македонската економија каде што постојниот потенцијал за соработка не е искористен, што претставува солидна основа за понатамошни анализи и истражувања, рекол Алији на промоцијата.

Според неговото истражување, СДИ во држвава иако имаат нагорен тренд, сé уште се многу мали и имаат мало учество во формирањето на бруто домашниот производ (БДП). Во периодот 2003-2017 просечно годишно учество на странските директни инвестиции во БДП изнесува околу 3,62 отсто.

Турција со нивото на странски директни инвестиции е најголем странски инвеститор во државава од земјите надвор од Европската унија. Според официјалните податоци, од Турција кај нас се регистрирани 1.013 правни субјекти, има 48 регистрирани подружници, во нив се вработени 4.190 лица, со вкупна актива од 392 милиони евра. Позначајни и попознати директни странски инвестиции од Турција во овој период се ТАВ, Џевахир холдинг, Лимак Холдинг, Аџибадем груп, Халк банк, Рамстор, Суташ, Европска очна клиника.

Како што е истакнато на промоцијата, растот на трговската размена меѓу двете држави е причината зошто турските индустријалци и бизнисмени сé повеќе инвестираат во Македонија. Има голем потенцијал за соработка кој сé уште не е искористен, кој ќе влијае на понатамошниот раст на СДИ од Турција, а тука се истакнуваат и слободните економски зони чии поволности не се доволно искористени од турските компании.

Алији посочил дека понатамошни приливи на странски инвестиции од Турција во секторите со повисока додадена вредност се многу важни, но од друга страна во иднина треба повнимателно да се следат можностите кои може да произлезат од новите пазарни услови во нафтената индустрија, енергетика и телекомуникациите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ