Еквадор се повлекува од Унијата на јужноамерикански држави

Од:

Еквадор се повлекува од Унијата на јужноамерикански држави (УНАСУР), објави претседателот на таа држава Ленин Морено.

Во изјава за државната телевизија, тој нагласи дека УНАСУР во пракса не функционира една година, бидејќи половината од членките не учествуваат во работата ниту плаќаат за членство.

– Еквадор увиде дека не постојат услови УНАСУР да успее во мисијата за постигнување јужно американска интеграција, додаде Морено.

УНАСУР е регионален форум за политички дијалог формиран во 2008 година по иницијатива на поранешниот венецуелски претседател Уго Чавез и тогашниот бразилски претседател Лула да Силва.

Организацијата има за цел намалување на регионалните тензии во Јужна Америка и планира формирање зона на слободна трговија и единствена валута во регионот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници