(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го клекна земјоделството на колена

Од:

„СДСМ го клекна земјоделството на колена. Две години по ред земјоделството е во константен пад. Според официјалните податоци на ДЗС, секторот земјоделство, шумарство и водостопанство во 2018 година во однос на 2017 година бележи пад од 5%, откако и во 2017 во споредбено со 2016 година падна за 13.5%. Потенцирам и во 2017 и 2018 година имаме пад во земјоделскиот сектор во Република Македонија.

Се повеќе ниви низ државава остануваат необработени. Земјоделците се разочаруваат од лошите политики на власта во овој сектор и се помалку се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство.

Република Македонија од држава извозник на земјоделски култури, постепено станува увозно зависна.

Исто така согласно податоците на ДЗС во 2018 година во однос на 2017 година извозот е намален за 3.7%, додека за истиот период увозот на земјоделските производи е зголемен за 1.1%“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„На терен ситуацијата е поразителна. Земјоделските производи не се откупуваат и не се извезуваат, а истовремена увозната зависност од храна се зголемува.

Земјоделците изгубија надеж. СДСМ две години по ред не обезбеди пласман за земјоделските култури. Илјадници тони земјоделски производи скапаа по нивите и магацините на земјоделците.

Голем број на семејства чија единствена егзистенција е извор земјоделието останаа без предвидените примања. Ваквата ситуација ја доведе во прашање и претстојната земјоделска сезона.

СДСМ е директниот и единствен виновник за земјоделскиот егзодус кој и се случува на Република Македонија изминативе две години.

Денешниве презентирани бројки превземени од официјална државна институција се уште еден показател дека Николовски и Заев две години не направија ништо за земјоделието во Република Македонија. СДСМ нема легитимитет да зборува за земјоделие. СДСМ мора да си замине. Победата на Гордана Силјановска Давкова, ќе биде причина за предвремени парламентарни избори, кои ќе значат крај на владеењето СДСМ во Република Македонија“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје