Водителката Венди Вилијамс во одбрана на Мајкл Џексон

Од:

По прикажувањето на документарниот филм за Мајкл Џексон, каде што две момчиња раскажуваат како тој сексуално ги злоставувал, познатата водителка Венди Вилијамс застана во негова одбрана.

– Верувам за „голото туширање“. Но, не верувам дека имало какво било допирање на сексуален начин. Верувам за преноќувањата во ист кревет, како и за ерекциите, за што е одговорна мајката природа. Не верувам за допирањето и не верувам за сексот, истакна таа во својата емисија.

Некои од нејзините Твитер следачи се воодушевени од овој обид да се одбрани контроверзниот пејач, но многумина го сфатија ова како сарказам или пак, можеби како нејзин очај.

Вилијамс натаму застана и во одбрана на таткото на Мајкл, Џо Џексон, кого го обвинуваат за сексуална злоупотреба на својот син, и поради когошто, можеби и Мајкл станал сексуален напасник.

Во документарецот „Напуштајќи ја Недојдија“, односно во интервјуто со Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, тие во детали раскажуваат што се случувало додека преноќувале на познатиот имот на Мајкл Џексон.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска