Мурињо објасни зошто имало конфликт меѓу него и Погба

Од:

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо проговори зошто имало сериозни недоразбирања со една од ѕвездите на тимот – Пол Погба. Излегува дека францускиот фудбалер правел проблеми на тренерот, кога тој не го ставал во игра.

– Секогаш се обидуваме да најдеме решение на сите проблеми, но има еден проблем, на кој не можам да најдам решение. Кога фудбалерот игра, тренерот му се допаѓа. Но кога не излегува на теренот, тренерот не му се допаѓа. Таква е неговата природа и невозможно е да се промени, рече Португалецот, цитиран од „АС“.

Тој додаде дека поради таквата ситуација, некои играчи се претставуваат на фантастично ниво само кај одредени тренери, а кај други играат слабо.

– Многу размислував за тоа. Треба да посветувам поголемо внимание на оние на кои не им се допаѓам. Нема потреба да се грижиме за оние, кои не сакаат, додаде тренерот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Предраг Петровиќ

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска