Прва радост за Еурофарм во ЕХФ-купот

Од:

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Битола одиграа високо професионален и тактички мудро подготвен натпревар и конечно се израдуваа на првата евро победа. Во 4. коло совладан е одличниот хрватски тим Нексе, тесно со 29:28, но во текот на целиот натпревар битолските фармацевти водеа.

Ракометарите и публиката во Битола силно ја посакуваа оваа победа која е „послатка“ бидејќи е извојувана во неизвесен финиш. Гостите во последниот напад имаа можност да извлечат бод од жешкиот терен во Битола.

Најефикасен играч на натпреварот е Анте Гаџа од Нексе со девет голови, додека во домашниот состав се истакна Невен Стјепановиќ со седум погодоци.

Тој по натпреварот кусо изјави дека оваа победа мотивирачки ќе делува во играта на тимот како на следните средби на меѓународна сцена, така и во домашното првенство.

На другиот натпревар од оваа група, Хановер и Татабања ремизираа 27:27.

Табела во Б-групата по 4. коло: Нексе 6 бода, Татабања 5, Хановер 3, Еурофарм Работник 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ